Нискобуџетската авиокомпанија „Изи Џет“ од Велика Британија од 1 ноември годинава ќе лета на релација меѓу Скопје и Женева во Швајцарија.
Првично, на релацијата ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември ќе има зголемување на три лета неделно. Летот ќе трае два часа и 15 минути.
Според анализите на ОАГ, во предпандемската 2019 година на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници, пишува „exyuaviation.com“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.