Очекувајте сметката за струја за јули да ви биде „солена“

Економија 14.07.2021 / 11:22

Поради тоа што Собранието не ги донесе потребните законски измени за намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 отсто, домаќинствата ќе ги плаќаат сметките со постојната ставка на ДДВ од 18 отсто која е сега на сила, потврди вчера министерот за финансии Фатмир Бесими. Со други зборови, барем јулската сметка, а можеби и наредните, ќе бидат повисоки од оние што граѓаните навикнале да ги плаќаат.

Сè додека Предлог законот не помине на Собрание и не се објави во Службен весник важи постојното законско решение, а тоа е дека сметките ќе доаѓаат со ДДВ од 18 отсто што е сега на сила. Штом ќе помине законот во Собрание, од денот на неговото донесување ќе се пресметува 5 отсто ДДВ за домаќинствата за потрошена електрична енергија, прецизира Бесими во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Зaконот сè уште не е ставен на дневен ред на седниците на Собрание на 15 и 22 јули.

Од ЕВН, пак, потврдуваат дека на сметките ќе пресметуваат за 12,3 проценти повисока цена на струјата и сегашното ДДВ од 18%.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.