Половина од угостителите кои беа затворени со одлука на Владата, донесена на ден 05.04.2021 година и им беше забрането да работат со гости, сепак ќе извисат од финансиска поддршка со 6-тиот сет економски ковид-19 антикризни мерки, реагираат од Независната угостителка комора.

Оттаму повикуваат дека Владата мора итно да направи дополнување и промена на јавниот повик и да дозволи да се пријават сите угостители со угостителски објекти на кои им беше забрането да работат без разлика дали ја вршат својата угостителска дејност преку приоритетна шифра на дејност за подготовка на оброци и служење на храна или преку други шифри на дејности кои ги овозможува законската регулатива.

Како потврда за вршење на угостителска дејност може да се земе издаденото решение за МТУ (минимално технички услови) или регистрираните фискални каси во УЈП од објектите кои беа затворени, се вели во соопштението, во пресрет на 10 мај, како последен ден за пријава за финансиска поддршка за угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30.

И покрај радикалниот чекор на Владата со новиот пристап на 6-тиот сет економски ковид-19 антикризни мерки за неповратна финансиска помош и поддршка на сите угостителски објекти со јавниот повик, сепак, дел од угостителите кои беа затворени со истата одлука на Владата и исто така им беше забрането за работат, ќе останат без право и можност да аплицираат односно да поднесат пријава за финансиска помош, велат од НУК.

Од таму појануваат дека со одлука на Владата, донесена на 5 април годинава им беше забрането да работат со гости на сите угостителски објекти, а не само на угостителските објекти регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30. Поради тоа, нагласуваат од НУК, Владата мора итно да направи промена во јавниот повик и да им овозможи на сите угостители и угостителски објекти кои беа затворени да се пријават за финансиска поддршка која им следува.

Ги известуваме сите угостители со угостителски објекти без разлика која приоритетна шифра на дејност имаат во својата тековна состојба доколку со Одлуката на Владата донесена на ден 05.04.2021 година беа затворени и им беше забрането да работат со гости да поднесат пријава за финансиска поддршка во наведениот рок како би можеле да им овозможиме да го остварат своето законско право на финансиска помош која им следува. Во својата пријава што ја доставуваат доволно е да приложат МТУ за вршење на дејност заедно со информација за фискалните принтери со кои работат, порачуваат од НУК.

За сите оние што вршат дејност 55.10 кои во своето работење имаат угостителски дел за исхрана (ресторани) кои работат со гости од надвор и кои исто така за периодот на кој се однесува мерката беа затворени да ги поднесат своите пријави за финансиска поддршка и истите да ги поткрепат со информација од своето сметководство за остварените приходи по основ на фискални извештаи за наведените периоди од угостителскиот објект каде ја вршеле дејноста за подготовка на оброци и служење на храна, се додава во соопштението.

Факт е дека сите оние што претрпеле штета од одлуката со која беа затворени имаат еднакво право на оваа мерка со кој мора да има реална рамноправна и неселективна неповратна финансиска помош на сите угостители и затекнати угостителски работници, велат од Независната угостителска комора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.