Додека Владата и другите институции не изнајдат или објават дополнителни законски решенија или промена на протоколите за прослави и свадби, Независната угостителска комора (НУК) за сите угостители изготви посебен регистер за нив, на кој тие можат бесплатно да се регистрираат и да пријават прослави, соопштуваат од НУК. Тој е објавен на 1 јуни во Службен Весник број, како Прилог бр. 78, велат во соопштението од Независната угостителска комора.

Со цел да излеземе во пресрет на сите телефонски повици и дописи за потребата на угостителите да ги регистрираат и пријават прославите кои ги организираат во своите објекти и да им овозможиме институционално да можат да ги исполнат сите точки од протоколите за организација, НУК формираше сопствен регистар за свадби/прослави и веселби за сите угостители и угостителски објекти, како и државни институции, комори, здруженија, соопштуваат од НУК. Дополнуваат дека е тоа без дополнителен надомест, според барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби/прослави и останати веселби.

Целта е да се избегнат недоразбирања кои би можеле да настанат со инспекторите во случај на контрола за време на организација на прослава, како и да се евидентираат и разликуваат присутните, кои не се гости, а се ангажирани лица и фирми за реализација на прославата. Со пријава во регистарот угостителите ги надминуваат ситуациите да бидат ригорозно казнети и затворени во случај на контрола од ДПИ, заради непочитување на точка 7 од протоколите.

За секоја пријава во рок од 24 часа, угостителите ќе добијат уредна електронска потврда дека согласно точка 7 извршиле пријава и регистрација во „угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

До моментов ниедна институција или друга комора се нема произнесено или превземено угога на организација на неопходниот регистар. НУК како најголема угостителска и општествено одговорна комора изработи образец – пријава за регистрација на прослави со која пријава угостителите може да ги пријават своите угостителски објекти во регистарот за организација на прослави што го води за своите членки и сите останати угостители и угостителски објекти. Регистарот го ставаме на располагање на сите угостители, комори и државни институции без надомест на трошоци. Воедно им овозможуваме на сите угостители подеднакво да ги испочитуваат во целост протоколите односно точка 7 и притоа да не бидат прекршени истите.

 

На овој начин овозможуваме до донесување на соодветно законско решение или укинување на оваа точка од протоколите да се избегнат недоразбирања кои би можеле да настанат со инспекторите во случај на контрола за време на организација на прослава или свадба во угостителски објект, како и да се евидентираат и разликуваат присутните кои не се бројат за гости, а се присутни како ангажирани лица и фирми за реализација на прославата. Истовремено со оваа пријава во регистарот угостителите ги надминуваат ситуациите да бидат ригорозно казнети и затворени во случај на контрола од државниот пазарен инспекторат заради непочитување на точка 7 од овие протоколи.

 

Регистарот во моментов е решение за надминување на проблемот за кој укажавме минатите денови во новите протоколи за организирање на свадби/прослави и останати веселби со точката 7 со која угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора.

Од НУК соопштуваат дека, само за овој викенд, од донесувањето на првите протоколи за организирање на свадби/прослави и веселби, низ Македонија се организираа или е во тек организација на повеќе од 100-тина свадби, веселби, родендени и останати прослави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.