На Владата ѝ даваме рок до 25 јануари да ги усвои сите наши барања и да донесе одлуки со кои ќе креира посебни економски мерки за директна помош и поддршка на угостителската индустрија, се вели во заедничкото соопштение на Независната угостителска комора и здруженијата Клуб еснаф од Битола, Прилепски меанџии од Прилеп, Тиквешки угостители од Кавадарци, Бисер од Куманово, ЗУТ Крушево од Крушево, Антигонеа од Неготино и Охридски еснаф од Охрид.
Угостителите бараат континуитет во помошта – безусловна субвенција за сите вработени во угостителската индустрија во висина на бруто плати додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до официјално завршување на пандемијата ковид-19. Директна неповратна финансиска помош – грант за сите угостители по принципот на доделена ваква помош за ноќните клубови и категоризираните ресторани. Безусловна достапност на угостителската дејност до долгорочни и бескаматни државни кредити за одржување на тековна ликвидност и унапредување на угостителството или побрза достапност на најавениот гарантен фонд или гарантна шема со која угостителите ќе можат да добијат државни гаранции врз основ на кои ќе можат во банките да се задолжат со долгорочни поволни комерцијални кредити со грејс периоди за надминување на проблемите со ликвидноста. Изедначување на ДДВ за угостителски услуги согласно ветувањата на 10% на сите угостителски услуги во сите видови на угостителски објекти. Одлагање и репрограмирање на извршни постапки врз угостителите и угостителската индустрија, односно трансформација на секое извршно решение во решенија за исплата на рати со грејс период или наплата по завршување на пандемијата ковид-19.
Угостителите велат дека нивното трпение за работна средба и дискусија за економските мерки кои очекуваат Владата да ги прифати и донесе по кратка постапка со цел да се помогне на колабрираната и комирана угостителска индустрија е при крај.
Владата задно со Министерството за економија и Министерството за финансии во целост ја носат обврската и одговорноста за опстанокот на угостителската индустрија до завршувањето на пандемијата ковид-19. Владата со одлуките од последната седница докажа и покажа ако сака, кога сака има и услови и можности и начини по кратки постапки да креира безусловни посебни економски мерки за финансиска поддршка и неповратна помош на индустриите погодени од пандемијата ковид-19, соопшти НУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.