Дел од домашните компании кои немаат доволно работа поради новонастаната ситуација
на вработените им рекле дека ќе им ја намалат платата. Во некои ќе се работи со
половина работно време и секако – за половина плата, пишува „Фактор“.

Работниците се избезумени – најмногу страдаат текстилните работници, вработените во
чевларската индустрија и дел од вработените во секторот туризам. Тоа го потврдуваат и
експертите.

Од Фајнанс тинк велат дека ефектите од ширењето на коронавирусот за нашата
економија се разновидни, а меѓу нив е секако и отпуштањето на работници, пишува
„Фактор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.