Министерството за финансии за наредната недела закажа нова аукција на хартии од вредност со која повлече нови 500 милиони денари односно нешто над 8 милиони евра. Алармантно се зголемува долгот на државата, кој според проценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % што е екстремно опасна состојба.

Од друга страна, според податоците на Министерството за финансии продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до април годинава се реализирани само 9,83 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година.

Министерството за финансии редовно повлекува милионски суми на аукциите на државни хартии од вредност но сепак и покрај енормните задолжувања инвестициите во реални проекти изостануваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.