Денеска и утре во официјална посета на нашата држава е новиот извршен директор на Светска банка, Кун Дејвидсе. Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде негов домаќин, а планирани се повеќе средби на високо ниво.
„Во рамки на својата посета Дејвидсе ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министри од Владата. Теми на средбите ќе бидат соработката помеѓу Република Македонија и Светска банка, особено за новата Стратегија за соработка 2019-2023 година (Country Partnership Framework 2019-2023).Кун Дејвидсе од ноември 2018 доаѓа на функцијата, која претходно ја извршуваше Френк Хемскирк“, информираат од Светска банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.