Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денари за литар и ќе изнесува 50,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголеми за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 42,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 31,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,801 ден/кг и ќе изнесува 16,144 ден/кг.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.