Додека во земјава секојдневно се продлабочува здравствената и економска криза расте и бројот на невработени. Над 7 000 невработени само во текстилната индустрија. Зголемен е и бројот на млади до 29 години кои се невработени. Бизнисот во Пелагонија е најпогоден од пандемијата, економијата на дното, државата во рецесија а премиерот Зоран Заев и функционерите од СДСМ се грижат само како да ги зачуваат сопствените фотелји.
Пандемијата скрати 6783 работни места во текстилниот сектор, покажа анализата на истражувачкиот тим на Здружението за истражување и анализа Скопје. Податоците покажуваат дека дека вкупниот број нови невработени лица во 2020 година во однос на 2019 година се зголемил за 128 отсто.
Конкретно, во 2020 година има 6783 нови невработени лица. За споредба, во 2019 година имало 2971. Истовремено, процентот на невработеност кај младите е значително повисок во однос на останатите години. Дури 15 проценти од младите учествуваат во невработеноста. Сознанијата покажуваат дека речиси во сите општини бројот на нови невработени лица по основ на одјавување од задолжително социјално осигурување кои доаѓаат од текстилната индустрија се зголемува, се вели во анализата на ЗМАИ.
Нивното истражување покажува дека пет општини со највисок пораст на невработеноста се: Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово. Во овие пет општини текстилната индустрија е и најразвиена и има најмногу активни субјекти во овој сектор. Кај младите лица до 29 години, бројот на невработени, исто така, се зголемува. Петте општини со највисок пораст на невработеноста кај младите се: Штип, Струмица, Радовиш, Прилеп и Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.