Во петок ќе се знае новата цена на струјата во земјава. Првиот човек на регулаторната комисија за енергетика, Беслимоски вели дека точната цена ќе биде формирана по отварањето на понудите на тендерот распишан од универзалниот снабдувач со електрична енергија, новоформираната компанија ЕВН – хоум и направените пресметки со други параметри опфатени во процесот.

Беслимоски не очекува сериозни ценовни шокови, меѓутоа новата цена на електричната енергија, ќе зависи од повеќе фактори, но најмногу од тоа по која цена на аукцијата ЕВН ќе ја набави струјата од Електрани на Македонија.

Инаку, корисниците кои имаат долгови кон ЕВН од следниот месец известувања ќе добиваат од Универзалниот снабдувач кој стартува со работа од први јули.

(Извор – Сител.мк)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.