Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 3,5 денари за литар и ќе изнесуваат 54 денари за ЕУРОСУПЕР БС-95 и 56 денари за ЕУРОСУПЕР БС-98.
Малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 45,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство(ЕЛ-1) се зголемува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 33,5 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,026 денари и килограм ќе изнесува 18,169 денари.
„Минатата недела на светскиот пазар беше регистрирано зголемувањето на референтните цени на сите нафтените деривати, а дел од нив пораснаа приближно и за 50%. Пазарот реагира на намаленото производство како резултат на одлуката од последниот состанок на ОПЕК на кој се заклучи да се ограничи производството на сурова нафта со што практично се прави обид да се отпочне со урамнотежување на понудата и побарувачката на пазарот со сурова нафта. Иако пазарот реагира на намаленото производство, сеуште цените на нафтените деривати во овој момент се под нивото на цените на нафтените деривати кои ги имавме минатата година“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Минатата недела на светските берзи најголемо зголемување имаше на цената на бензинот и тоа во просек за околу 47,58%, а кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 41,13%.
Цената на екстра лесното маслопорасна во просек за околу 38,69%, додека кај мазутот се регистрира зголемувањево просек за околу 24,73 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот бележи незначителен пад за 0,025 %.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.