Земјите во развој ќе добијат нови даночни права што ќе им овозможат да остварат повеќе даночни приходи од најголемите и најпрофитабилните компании, вклучувајќи ги и високо дигитализираните компании. Ова го овозможува договорот за корпоративна даночна реформа, кој Република Македонија го постигнаа изминатата недела заедно со 136 други земји, информираат од Министерството за финансии.
Од таму додаваат дека реформата се состои од два столба и се однесува на оданочување на дигиталните активности на мултинационални корпорации, како и применување на минимална глобална корпоративна даночна стапка за големите мултинационални компании.
„Со првиот столб од договорот се очекува реалоцирање на профитот од повеќе од 125 милијарди американски долари од 100-те најголеми и најпрофиталибилни мултинационални корпорации во земјите ширум светот, обезбедувајќи овие корпорации да го платат својот фер удел на данокот каде и да работат и генерираат профит. Со вториот столб, пак, се воведува глобална минимална стапка на корпоративен данок од 15 проценти, со што се проценува дека на глобално ниво ќе се остварат околу 150 милијарди американски долари нови приходи годишно“, наведуваат од министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.