Фирмата на градончалникот на Пласница, Исмаил Јахоски, повторно е избрана на последниот тендер на М-НАВ АД Скопје.
По распишаниот тендер за набавка на екстра лесно гориво за греење и дизел за агрегати склучи договор со друштвото за производство, трговија и услуги Пуцко петрол увоз-извоз ДООЕЛ од село Пласница вреден 5.900.000 денари и со друштвото за производство, промет и услуги Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје вреден 2.950.000 денари.
Од 29 договори кои ги склучила со општините во 2017 година, „Пуцко Петрол“ заработила 3 милиони евра, покажува неодамнешното истражување на Центарот за граѓански комуникации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.