Цената на струјата за домаќинствата од Нова година ќе поскапи максимум осум до девет отсто, дознава Алсат од владини извори.
Додека финишираат пресметките за новата повисока цени, властите денеска прогласија кризна состојба во енергетиката која во сила во Македонија ќе биде во следниве 30 дена. Со овој потег Владата може во државните енергетски компании да вбризга пари од буџетот. Наместо за ковид програмата, од Илинденска во касите на ЕСМ и МЕПСО ќе префрлат 65 милиони евра за набавка на скапа струја од увоз и одржување на ликвидноста. Надлежните уверуваат дека рестрикции со користењето на електричната енергија нема да се случат.
Сè со цел да загарантираме што пониски цени на електрична енергија за домаќинствата се прави разлика во делот на производството по мегават што може да го постигне ЕСМ и одлуката во делот на цената што ја носи владата која е 36,1 евра по мегават час во моментов“, рече Крешник Бектеши министер за економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.