Владата на седница усвои Информација со која се утврдува дека 31.12. 2023 година е рокот за завршување на работите за изградба на автопатот, делница Кичево – Охрид.

На седница е разгледана и усвоена Информацијата врз основа на која Владата го прифатила текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и „Sinohydro Corporation Limited“, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на државата – се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Автопатот Охрид – Кичево почна да се гради во 2014 година. До сега неколку пати беше променета финансиската конструкција на проектот и исто така повеќе пати беше пролонгиран рокот на изградба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.