Не запираат огласите за вработувања во државните институции по формирањето на новата влада. Веќе со месеци има огласи за вработувања на стотици административци, а последен во низата е огласот на Царинската управа која вработува нови 119 извршители на работно врреме.
Царинската управа бара вработени на определено време за повеќе позиции, а нивното образложение е дека постои зголемен обем на работа. Од советник за односи со јавност, оператор за кореспонденција и административно технички и организациски работи во кабинет на директорот, па се до инспектор за финансиски истраги, цариници и наплатувачи на гранични премини за царинарниците Гевгелија, Битола, Куманово…
Платите се движат од 17.843 денари, па се до 37.538 денари
Се на се вкупно 119 нови вработени во период кога актуелна е темата за решавање на администрација и кога владата предводена од СДСМ постојано повторува дека администрацијата е пренатрупана и потребна е нејзина реформа.
Самиот премиер Зоран Заев уште пред парламентарните избори најави дека доколку добијат нов мандат ќе следи ослободување на 20 отсто од администрацијата.
Отстранување на бирократизацијата која што ја имаме во државата, со сите мерки на „checks and balances“ и во правосудниот систем, ослободување на 20 отсто од администрацијата и нејзино пренасочување во приватниот сектор – изјави Заев во јуни 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.