Нивото на Охридското Езеро и понатаму продолжува да опаѓа.Според табелата на ЕСМ водостојот денеска е на 693,08 м.н.в или 2 сантиметри под минимално дозволената кота.

Грешката велат хидробиолозите е во тоа што се дозволи децении наназад езерото да претставува акумулација за производство на електрична енергија.

Спиркоски вели потребен е нов план,посебно тело кое ќе го регулира нивото на водата но и да се направи ревизија на договорите меѓу Македонија и Албанија.

Се пониското ниво на езерото прави проблеми од повеќе аспекти,но најаларматно од се е што ваквата состојба претставува потенцијална опасност за помор на живиот свет во него.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.