Просечната плата од 250 евра во тексилството и уште пониската во кожарството не се атрактивни за учениците од основните училишта. Ни најавата за државни стипендии не помогна да се наполни средното текстилно учлилиште во Штип.
Во првиот уписен рок се пријавиле само десетина ученици. Поради пандемијата и малиот број завршени основци ги нема учениците од други градови. Иако наставните програми се прилагодени на потребите на бизнисот, речиси воопшто нема интерес за насоката изработувачи на облека.
Малиот интерес е лоша вест за текстилството бидејќи на истокот се сместени 40% од текстилните фабрики во државата. Бизнисот со години се жали дека нема работници. Недостигаат од сите профили, а се повеќе млади и образовани кадри ја напуштаат државата.
Корона кризата го стопираше проблемот со недостаток од работници, но кога економијата ќе се опорави тој проблем пак ќе се јави. Има голем расчекор од она што се бара и она што се нуди, потребно е подобро насочување во образовниот процес – вели за ТВ 24, Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи.
Сепак, иако ученици има помалку за некои насоки има голем интерес. Повеќе ученици од предвидените слободни места се пријавиле на информатика. Причина, велат од училиштето „Коле Нехтенин“ од Штип, е што по завршувањето на овие струки учениците веднаш добиваат понуди за работа во сектори каде просечната плата е двојно повисока од текстилството.
Од оваа година стартуваат промени во средното стручно образование. Ќе има помалку теорија, повеќе пракса. Мотив повеќе треба да бидат и државните стипендии што според МОН ќе бидат 3500 за дуалните паралелки и 2200 денари за дефицитарните струки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.