Реализацијата на капиталните трошоци за месец јануари 2019 година изнесуваат разочарувачки 1,09 %. Имено излезе официјалниот извештај за извршувањето на буџетот на Република Македонија за 2019 година месец јануари и податоците се катастрофални.

Инаку, Владата после влезот на НАТО ветуваше инвестициски и градежен бум но официјалните податоци го покажуваат сосема спротивното. Инвестиции нема, градежништвото е во пад, додека нема никакви најави за позитивни придвижувања во и онака слабата македонска економија.

Министерот за финансии Драган Тевдовски ветуваше и зголемени инвестиции и зголемена активност во градежништвото но како што е видливо нема никакви изгледи за економски бум.

Минатата година Македонија имаше  историски најслаба реализација на капитални инвестиции односно само 65,5 %.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.