Македонската Собрание попладнево во рамки на 110-та седница, со 64 гласа „за” и 18 против ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии, а со 61 гласа „за” и 21 против го избра Хисен Џемаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.
По изборот на Нина Ангеловска и Хисен Џемаили за нови министри, седницата продолжи со точката за избор на тројца заменици министри што ги предложи премиерот Зоран Заев.
За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.