За два месеца платформата Отворени финанси имала 203.605 прегледи од страна на 19 илјади корисници, кои просечно поминувале 7.07 минути, покажуваат податоците на Министерството за финансии.
Пред околу два месеци, го отворивме Трезорот на државата на увид под будното око на јавноста. Граѓаните сега може да следат каде оди секој денар од државната каса. Транспарентноста останува наш приоритет. Покрај Open Finance, набргу ја отвораме и платформата за јавен долг, со која јавноста ќе може да го следи долгот, односно задолжувањата и раздолжувањата, напиша техничката министерка за финансии, Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.