Иако тврдеше дека своите депозити во банката ги повлекла пред подолг период и дека немаат никаква поврзаност со затворањето на „Еуростандард банка”, документ-решение од НБРМ до кое дојде Република јасно покажува дека министерката Нина Ангеловска последното повлекување на парите го направила откако Народната банка донела решение за затворање на банката.

Решението за затворање на „Еуростандард“ НБРМ го донела на 1 јуни, а министерката Ангеловска нејзината последна промена во банката ја направила на 24-ти јуни. Ова значи дека Ангеловска парите ги извадила три седмици после донесувањето на решението за затворање на „Еуростандарт банка“.

Антикорупциската комисија ќе отвори предмет за министерката Ангеловска. Истрагата треба да покаже дали Ангеловска располагала со претходни информации кои влијаеле на тоа таа да ги повлече нејзините пари од банката навреме. Антокорупциска тврди дека подолг период траеле обидите за санација на банката, па треба да се истражи дали Ангеловска имала целосен увид во финансиската состојба на „Еуростандард банка“.

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, за банката да пропадне, а истовремено тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите.

Ова е добро планиран атак врз Еуростандард банка. Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народна банка на време биле известени да си ги повлечат парите бидејќи тоа и тоа и следува на Еуростандард банка, истакна Костовски.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ јавно ја повикаа министерката за финансии, Нина Ангеловска да го објави точниот датум на кој ги вади парите

Ако тој датум е блиску до пропаѓањето на Еуростандард банката тоа значи дека е извршена злоупотреба на положбата и кршење на законите, порачаа од партијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.