Една од нашите мерки е граѓаните да одмараат во недела и да им биде ден за семејството која ќе биде разработена во следниот мандат и воведена. Ме радува што граѓаните многу силно и преку вас медиумите ја препознаваат таа идеја. На овие избори нема ветувања од типот НАТО и ЕУ, затоа што тоа е завршена работа,членка сме на НАТО и влегуваме во ЕУ тие стратешки мерки се остварени и ние влегуваме со нови мерки, изјави денеска Љупчо Николовски носител на листа на СДСМ и Коалиција Можеме во ИЕ 3.
Тој најави дека нивните мерки треба да овозможатда станеме еко држава, да ја развиваме државата со иновативни мерки, да ги развиваме нашите македонски сел, а да ги вратиме Македонците во истокот на земјата, а да ги извезуваме нашите македонски брендирани производи.
-Доаѓа време кога добрите чесните луѓе ќе бидат мотивирани и ќе ја добијат шансата, во следниот период и мандатот што следи и во следните изборни циклуси ќе се натпреваруваме конечно со идеи и концепти, најави Николовски.
Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека во Велес има многу компании кои веќе ја искористиле нивната финансиска подршка за инвестиции. Тој потсети дека и во корона криза илјадни вработени преку нивните мерки за помош на компаниите добиле плата и платежни картички.
Николовски смета дека Велес треба на секој можен начин да го добие заслуженото место во економијата и тие фокусот во наредниот мандат ќе го стават на економијата.
-Ние и во овој скратен мандат покажавме како е да се грижите за домашната економија. Ги изедначивме домашните и странските инвеститори и со тоа го исполнивме ветувањето од 2016 година. Сега одиме чекор напред, а особено преку ЕУ фондовите кои обезбедуваат 2,5 милијарди евра за земјата во наредниот период. Одлуката е веќе донесена и само треба да се имплементира во рамки на овој концепт и во рамки на нашето чекорење кон ЕУ и тие се пари кои доаѓаат во стопанството во земјава, најави Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.