Министерот за земјоделство Љупчо Николовски од Белград соопшти дека нема да има забрана за извоз, односно ќе се користат капацитетите на сите земји кои се дел од Отворен Балкан.
Со Договорот гарантираме дека ќе обезбедиме доволно пченица, пченка, млеко, јачмен, месо, зејтин да има за сите луѓе. Ќе има доволно храна и производи. Граѓаните на овие три земји не треба да се грижат. Ќе формираме и комисија која што ќе се грижи за складирањето на овие произоди. Тоа што ние го немаме, ќе го обезбеди друга земја како Србија и Албанија, тоа што тие го немаат, ќе го обезбедиме ние, рече Николовски во Тема на денот на ТВ Сител.
Министерот додаде дека ќе нема пречки и застои на границите, ќе нема царини и документи.
Имаме брзи траки, со заемно усвојување на сите овие документи се признаваат лабораториските анализи, тоа значи дека производите нема да скапуваат на границите додека стигнат во рафтовите во друга земја во рамки на Отворен Балкан, додаде Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.