Одлуката за замрзнување на цените на основните производи е популистичка и негативно ќе се одрази како врз стопанство, така и врз граѓаните, оценува доскорешниот заменик-директор на рудникот Бучим, Николајчо Николов, во најновото издание на емисијата „Трилинг“ што ќе се емитува вечерва на ТВ24.
Николов, кој е и почесен претседател на Асоцијација за рударство во Стопанската комора на Македонија, вели и дека не е добро тоа што, според него, политиката се меша во енергетскиот сектор.
Нема да можеме да обезбедуваме стабилна електоенергија за домаќинствата сѐ додека немаме сопствено производство. Политиката замеша прсти во енергетскиот сектор и затоа се доведовме до ситуацијата на високи цени а притоа и натаму сме увозно зависни, вели Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.