При посетата на општина Сопиште, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше прашан за новиот закон на Заев за продажба на земјиште.
Во однос на земјоделското земјиште, мислам дека се работи за еден мафијашки обид за распродажба на Македонија. Откако Зоран Заев се обиде да реализира неколку лукративни проекти и ниту еден од нив не му успеа, сега последниот голем таканаречен проект кој се обидува да го реализира е распродажба на земјоделското земјиште, нешто на што не помислиле генерации и генерации македонски политичари без разлика дали во поранешна Југославија или во денешна Македонија, Зоран Заев се најде најпаметен да го прави тоа, истакна Николоски.
Планираме да дадеме конструктивни амандмани кои ќе дадат најдобро решение. Доколку истите не бидат прифатени, а да бидам искрен не очекувам да бидат прифатени затоа што нема чесна намера, ќе направиме сѐ за да го блокираме законот, нагласи Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.