Делегација на ВМРО-ДПМНЕ втор ден е на Конгресот на христијанско- демократската унија тука во Лајпциг, имаме интензивни средби со нашите пријатели од ЦДУ, владеачката партија во Германија којашто 15 години успешно ја води Германија. Разговараме за соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, разговараме за промените коишто треба да се случат во Македонија, разговараме за сите штетни политики коишто ги направи владата на Заев, ги информираме за криминалот и корупцијата на Заев, за обидот да шират лажни вести и паниката којашто ги снајде – истакнува потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски од Лајпциг, каде делегација на ВМРО-ДПМНЕ втор ден е на Конгресот на христијанско- демократската унија.

Николски вели дека информирале за подготовката за предвремените парламентарни избори коишто треба да се случат на 12-ти април, на коишто ВМРО-ДПМНЕ очекува да понесе убедлива победа, после којашто новата влада на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ЦДУ и со Германија, ќе се обиде да привлече што поголем број германски инвеститори, да дојдат и да инвестираат во Македонија.

Основно за Македонија се нови работни места, а за оние коишто работат повисоки плати.
Втората цел е воспоставување на силен систем на владеење на правото и борба со корупцијата, тука исто така ќе ги користиме искуствата на ЦДУ, значи силна економија, нови работни места, повисоки плати и борба со корупцијата, тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ – додаде Николоски.

Можам да кажам дека сум задоволен што во овие два дена тука во Лајпциг, како и претходно во Загреб, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има силна меѓународна поддршка, тоа не може да го помати никаква прес конференција на СДСМ или лажни вести, или лагите на Заев и неговите компањони. Сите во Македонија знаат дека Заев е виновен за пропаста на Македонија, сите во Македонија знаат дека Заев Македонија ја води назад, како што исто така знаат дека ВМРО-ДПМНЕ има кредибилен тим, тим на стручњаци, на експерти, на докажани луѓе од партијата и на нови лица коишто доаѓаат, коишто ќе ја изведат Македонија на прав пат, економски силна и стабилна, и Македонија во којашто ќе владее правната држава – вели Николоски и најави дека продолжуваат денеска со средбите како би ја продлабочиле соработката помеѓу Македонија и Германија, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.