Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски како дел од теренската работа на оваа партија ги посети Тетово и Брвеница каде се сртна со неколку сопственици на локали и успешни извозни компании.

Тој утрово се сретна со неколку сопственици на компании и хотели, а во текот на денот ќе оставари и средби со технолошко-индустриската развојна зона каде што ќе посети дел од странските инвестиции како и фабриката за производство на стакло.

Денес остваривме посета на неколку успешни компании во Тетово и во Технолошко индустриската развојна зона.

Се…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, 17 February 2021

Николоски рече дека од денешните средби со стопанствениците има две вистини.

– Она што го гледаме во средбите со стопанствениците, со оние коишто практично го создаваат националното богатство на Македонија, го полнат буџетот и даваат плати е дека имаме две вистини. Едната е дека имаме исклучително амбициозни луѓе кои сакаат да работат тука во Македонија и да придонесат, а од друга страна, за жал имаме неодговорна власт и влада која не ги помага овие луѓе. Скоро и да не слушнавме луѓето да добиваат било каква помош, вели Николоски.

Понатаму тој вели дека сопствениците на ресторани не добиваат никаква поддршка од власта веќе речиси една година.

– Рестораните немаат никаква поддршка од државата. Луѓето трпат огромни загуби. Имаат вработени кои седат дома, кредити за плаќање, а немаат никаква поддршка од државата што доведува многу семејства на раб на егзистенција.

Затоа тој апелира да се даде поддршка до сите оние кои се сопственици на рестораните за свадби, а вели дека поддршка треба да се даде и на сите кои се засегнати. Како пример тој ги посочува и музичарите, оние кои фотографираат и снимаат.

Во однос на извозните компании тој апелира да се даде поддршка за извозните компании, за нивна едукација и развој за нови истражувачки центри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.