Македонија е пред сериозна енергетска криза, се наоѓа и во голема политичка криза, а граѓаните се наоѓаат во ситуација да не можат до маркет и пазар да отидат заради цените и немаштијата. Граѓаните чекаат акции и попусти за да си ги купат основните намирници и се тресат како ќе ги платат поскапите сметки за струја – изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Николоски вели дека утре во Собрание ќе се разговара за продолжување на оваа т.н. енергетска кризна состојба.

Јавноста треба да знае дека гасот ќе поскапи три пати, што значи парното два до два ипол пати, а за електричната енергија, да не ја лажат јавноста, за компаниите е поскапена четири до пет пати, а не проценти.

 

Фирмите ќе почнат да испуштаат луѓе од работа затоа што нема да можат да ги издржат тие цени. Нашиот план е план за помош за граѓаните и компаниите за да не се почувствува ценовниот шок, од струјата и греењето во вредност од 250 милиони евра – нагласи Николоски.

Во однос на комисиската расправа за буџетот, Николоски изјави дека власта ги одби повеќето амандмани и јасно е на каде одат работите.

Власта прикажува лажни податоци и лаже дека пораснала економија, врз основа на лаги се задолжувале и сега Македонија мора повеќе да враќа, а тоа се одразува на граѓаните. Оваа влада нема капацитет за решавање на проблемите, немаме квалитетни одговори на овие прашања. Лажат исто како што денес не однеле јаглен во РЕК, а велеа 900 тони или РЕК до ден денес не е ставена во целосна функција, Македонија мора да увезува поголема струја – изјави Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.