Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска преку прес-конференција изјави дека смешни 5 милиони евра не ја решаваат состојбата. Државите околу нас одат со помош која што се брои во стотици милиони евра, дури и во милијарди евра. Потребни се субвенции за најпогодените сектори.
Исто така еден сектор кој што досега не беше споменуван, а е многу значаен е транспортниот сектор. Предлагаме да не се плаќа патарина за сите оние кои што вршат транспорт на патници и на стока. Државата да ја преземе обврската за трошоците за регистрација на возилата, камионите и автобусите при следната регистрација. Поедноставено транспортните компании да не ја платат следната регистрација кога ќе ги носат возилата за регистрирање. Трето да се поделат субвенции за овие компании. Ова не е битка за поени, ова прераснува во нитка за опстанок на државата. Се што ќе се става под тепих ќе излезе и тоа многу побрзо од тоа што се очекува и тоа за жал овие денови, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.