Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и пратеник во Собранието каде што вечерва се дебатира за буџетот на Македонија објаснува низ бројки и факти како се трошат парите на граѓаните и како власта на Зоран Заев, како што вели тој, ги краде граѓаните.
• Приходите во буџетот се нереално проектирани
• Планот на расходите не рефлектира развојна димензија
• Буџетот нема одржливост
• Нема капитални проекти
• Здравството не е фокус во буџетот
• За само две години Владата и Заев ќе ги задолжат граѓаните за над 1 милијарда и 600 милиони евра
• Проектираниот дефицит на буџетот за само една година ќе изнесува 568 милиони евра
• Во 2021 година владата на Заев ќе потроши рекордни 510 милиони евра за плати на администрација
• Владата ќе потроши 347 милиони евра за стоки и услуги. Прашањето е каде ќе одат овие 347 милиони евра за кои генералниот секретар на Владата има дискреционо право како ќе ги потроши.
• Средствата предвидени за здравствена заштита се непроменети во однос на 2020 година. Во услови на сериозна здравствена криза нема зголемување на инвестициите во здравството.
• Во ставката „други трансфери“ се предвидени рекордни 641 милион евра. Со 50 милиони евра се гради нова болница во Република Македонија, оваа Влада ги троши за „други трансфери“ . Каде одат овие пари?
• Во капитални инвестиции се проектирани само 374 милиони евра. Клучното прашање е дали и овие 374 милиони евра ќе успеат да ги реализираат. За споредба во Косово се трошат околу 1 милијарда на капитални расходи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.