Само економски силна нација може да води големи битки, вели во изјава за АлфаТВ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Во моментов ги имаме најдобрите експерти од областа не економијата и во следниот период ќе се видат тие промени.
Намалувањето на даноците ќе значи заживување на економиската активност, без разлика на оваа состојба која што ја имаме со корона кризата и особено планираме да го заживееме целиот овој Пелагониски регион. Најголемото ветување во програмата за #ОбноваНаМакедонија е изградба на автопат кој што треба да води од Велес до Прилеп и Битола и до грчката граница. Со овој автопат економски ќе се подигне регионот затоа што Пелагонискиот регион учествува со скоро 30% од БДП во Македонија, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.