Македонија е пред најголемата економска криза. Точно дека најголемиот дел од причините се поврзани со пандемијата на корона вирусот, но исто така најголемата вистина е дека соновна прилина за кризата е неснаоѓањето на власта како да се избори со еден ваков предизвик, катастрофален е економскиот тим кој не знае да работи, не знае да се постави. Ние предлагаме мерки. Владата не ги усвојува од суета, односно ги усвојува со доцнење. И наместо да ја поддржи македонската економија и наместо за платите од март и да не оди на минималец, туку на половина од реалните трошоци и за нето плата и за придонеси, односно за бруто плата решаваат да го одложат процесот дури до мај односно да помогнат за априлската плата, ставаат услови кои пола од фирмите не можат да ги исполнат и затоа фирмите отпуштаат, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Освен ова според него друг голем проблем од кој бегаат надлеѓните се кредитите, односно банките.

Треба банките да сфатат дека банките живеат од граѓаните и од стопанството. Доколку во тие банки граѓаните не ги оставаат своите пари, банките нема да можат да ги даваат тие пари како кредити на граѓаните и стопанството. Апелирам банките да не ја сечат гранката на која седат. Огромни профити прават и тоа е добро. Оваа година и следната можат да го земат товарот. Нивната одлука да ги не ги откажат каматите, односно само да пролонгираат отплата за три или шест месеци плаќање на ратите може сериозно да ја загрози економијата, зошто економската криза ќе трае далеку подолго од здравствената. И мислам дека банките во Македонија треба да престанат да се богатат на грбот на граѓаните и сега да помогнат кога е критично, зошто помагајќи им на граѓаните и стопанството си помагаат себе си. Ако граѓаните колабираат, а стопанството затвори тогаш нема да можат да им плаќаат ни основица и камата. Мислам не го гледаат, а од владата како да не сакаат да им кажат, посочи Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.