Две милијарди евра за капитални проекти за период од четири години. ВМРО – ДПМНЕ во својата предизборна програма планира за изградба на автопати пруги, гасоводи, градинки училишта годишно да издвојува по 500 милиони евра, а граѓаните да добијат целосна обнова на земјава.

Она што ќе го ветиме во дел на изградба, патишта, инфраструктура, болници, градинки…ќе го реалзираме. Возможно е секоја година капиталните расходи да бидета околу петстотини милиони евра во нови патишта, железници, градинки училишта, тоа е еден циклус од околу две милијарди за четири години кој што доколку го реализираме околу 90 проценти како што ни е планот тоа ќе значи една цела инфраструктурна обнова на Македонија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за Сител.

Враќање на бизнсиот на здрави нозе ветуваат од партијата. Најавија ослободување на малите фирми со помали приходи од секакви давачки за да се растеретат и да можат да го шират бизнисот. Поголема подршка за извозно орјентираните фирми , укинување и намалување на парафискалните давачки и поголеми бенефиции за странските инвеститори кој сакаат да работат во земјава. Враќање на рамниот данок и тоа до 2022 тој да биде 8 проценти.

Ќе има нов концепт на привлекување странски инвеститори, оние кои што ќе отвараат развојни и научни центри во рамки на своите фирми, односно да може развојот да се случува во рамки на тие инвестиции, и високо квалификувани млади кадри да можат да се вработуваат, враќање на рамниот данок на 10проценти. Во првите сто дена од владата, намалување на истиот на девет проценти, а во период од две години до 2022 година намалување на осум проценти што е рекордно најнизок данок во целиот регион, истакнува Николоски.

Најавуваат поголема подршка за сите млади кои ќе сакаат да отворат свој бизнси и 0 проценти персонален данок за сите до 29 години. Ветуваат повисока просечна плата за 25 отсто и зголемени пензии за 20 проценти. Се се залагаат невработенста да падне по 10 отсто, за раст на економијата од минумим 4 проценти годишно, и за намалување на буџетскиот дефици на 3 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.