На само три дена пред стартот на новите мерки, угостителите се збунети. Иако многумина не сакаа да зборуваат пред камера, оние кои одлучија тврдат дека освен што треба да обезбедат редарска служба, друго ништо не знаат што треба да направат. Но посочија дека имаат потешкотии да најдат и луѓе за да работат како редари, па затоа очекуваат дека од 16 август некои од угостителите ќе одлучат да затворат, објави „Сител“.
Се уште не се знае што ќе се прави со хотелите, дали и во нив ќе може да престојуваат само вакцинирани. Министерот Бектеши посочи дека за овие објекти ќе се одлучува од понеделник, во игра се повеќе варијанти. Истакна дека засега без мерки останува да работат игротеките, а во функција ќе бидат и угостителските објекти во моловите. Но предупреди ако има влошување на состојба, а имунизацијата е бавна и тука ќе се воведат мерки.
Од 16 август, сите затворени угостителски објекти нема да може да организираат прослави, а во отворените делови кои се со капацитет за повеќе од 30 гости, ќе мора да има редарска служба, а присутните сертификат за примена барем една доза вакцина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.