Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузмановски, синоќа беше исвиркан од своите сожители откако се обиде да го „поправи“ дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски, потсетувајќи го дека како министер требало да го користи името Република „Северна“ Македонија.

Додека траеше посетата на Новаци каде пред земјоделците се обрати дополнителниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, кој секојдневно е на терен каде ги слуша проблемите со кои се соочуваат фармерите, градоначалникот се обиде да го поправи укажувајќи му дека не го користел „Северна“ во името Република Македонија.

На ова жестоко реагираа присутните земјоделци кои го исвиркаа градоначалникот и му порачаа дека „никогаш нема да биде Северна“ туку само „Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.