Земјоделците најавија дека во сабота ќе протестираат пред Владата во Скопје, незадоволни од состојбата во која се наога овој сектор.
Од таму порачуваат дека „здружени во заедничката мака, доведени до работ на егзистенцијата, но многу повеќе исцрпени и изморени од бројните дадени, но не и реализирани ветувања, македонските земјоделци организирано го креваат својот глас. Земјоделскиот протест ќе се одржи на 26-ти месецов, пред македонската Влада, од каде ултимативно ќе побараме исполнување на низата наши барања, инаку веќе добро познати на власта.”
Од Платежната агенција велат дополнителните субвенции чекале на ребалансот на буџетот. Повеќе пари веќе добиле или ќе добијат во текот на оваа и следната недела производителите на млеко, ориз, јаболка, грозје.
Пелагониските земјоделци неколкупати излегоа на протест во Битола. Незадоволството кулминираше меѓу млекарите од Могила. Тврдат дека не зеле субвенции за 2018 и 2019 година, а револтирани се и поради ниските откупни цени
И пелагониските тутунари ќе се приклучат на протестот во сабота.
Минатата недела, претставници на 6 земјоделски здруженија од цела држава најавија генерален земјоделски протест, пред Владата во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.