Власта веќе трета година по ред ги лаже граѓаните со истите ветувања кои никако да станат реалност, рече претседатлот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во Отворената дебата на МТВ. Тој посочи дека при отсуството на реални политики власта веќе трета година излегува со исти тези, замајувајќи ја јавноста и лажејќи ги граѓаните.

Мицкоски изјави дека намерата на СДСМ е до крај да ја уништи правната држава и владеењето на правото и дека владејачката партија не е подготвена да организира избори.

Не е точно дека сега конечно на нас ќе ни тргне во економијата. Оваа година нема да има економски бум, бидејќи слушав врз основа на што се темелат проекциите на Зоран Заев и на останатите кои се занимаваат со ресорите економија, и јас ве уверувам дека тоа е невозможно да се случи, со исклучок на првиот квартал затоа што првиот квартал во 2018 беше екстремно низок. Најпрво имаа 0 проценти, а потоа со онаа пиши-бриши статистика го качија на 0.9 проценти, рече тој.

Не е точно дека нам конечно сега ќе ни тргне, се осврна Мицкоски на забелешката на Михајловски дека оваа година конечно ќе биде година на економски бум.

Невозможно е да се случи тоа со исклучок на првиот квартал, затоа што првиот квартал во 2018 година беше екстремно низок. Имаа 0%, па со пиши-бриши стаатистика го качија на 0,9%. Во теоријата економски бум значи кога имате раст од 5-5,5%, но не и под 3%, како кај нас.

Мицкоски рече дека растот на економијата не смее да се темели само на една странска инвестиција, ниту пак на капиталните инвестиции кои беа скратени со ребалансиранинот буџет.

Во отсуство на структрурни реформи во отсуство на сериозни проекти во енергетиката, во инфраструктурата, во економијата вие не можете во јавноста да излегувате со истите тези веќе трета година по ред и да ја замајувате . Бизнис комората нема против да се одржат парламентарни избори заедно со претседателските, затоа што се скратува времето изгубено за еден изборен циклус. За економијата е проблем доколку секоја година се случуваат избори, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.