Несериозна и неодговорна е изјавата на премиерот Заев за паушалното зголемување на минималната плата. Вака Бизнис конфередацијата ја коментира најава на премиерот дека минималецот ќе биде повисок од 1.000 денари. Бараат на заедничка маса, со аргументи да се пресмета методологијата и врз основа на конретни бројки, да се зголеми минималецот.
Инаку вчера премиерот Заев на трибина најави дека преговорите со синдикатот и работодавачите се при крај и наскоро ќе има повисока минимална плата.
Бизнис Конфедерацијата бараат прво да заживее владината мерка за плаќање на придонеси, освен персоналец, за газдите кои ќе ги зголемат платите, па потоа да се зголеми минималната плата. Инаку Македонија и Албанија се на дното на листата со минимална плата е 210 евра. Највисока минималец , над 2,000 евра се исплаќа во Луксембург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.