Информацијата за регресот за годишен одмор на администрацијата предизвика негодувања во јавноста и остра рекација од опозицијата. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, во изјава за „Слободен печат“ објаснува дека право на К-15 имаат 27.000 работници, а не цела админстрација.
Правото на регрес за годишен одмор произлегува од Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието. Овој договор е склучен пред да почне пандемијата и има сила на закон. Тоа значи дека доколку не се исплати регресот, работниците може да го бараат по судски пат и тоа да ја чини државата повеќе пари, вели Грујовски.
Тој објаснува дека покрај овој Грански колективен договор, склучени се и 30-тина колективни договори на ниво на државни работодавачи и тие договори по правило утврдуваат повисоки права. Така, во тие договори е можно минималниот износ за исплата на регрес за годишен одмор да биде поголем од 40 отсто од просечната нето плата за последните три месеци како што е во Гранскиот колективен договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.