Тиквешките лозари принудени се, својата целогодишна мака и трудот да ги продаваат за два-три денари по килограм грозје. Се жалаат дека ситуацијата е повеќе од катастрофална.

Еве ја белешката, 2 денари е цената, Ковид-19 даваат како што е тоа 4, јас баш и не го разбирам, а ни тие не знаат да објаснат како е…е плус дали ќе дадат 4 денари, дали не, тоа не го знам, главно – секоја година е се полошо, изјави за Алфа, Дончо Мишев, лозар од Ваташа.

Тој се жали дека не дошол ни инспектор, ниту вага да провери, дали малиганите (мрачите на шекер) работат, туку секој гледа како „да те удави“ на некој начин – на малиган да ти скине, на вага да те украде, на било шо…

Денеска, пунктовите во Тиквешијата главно беа затвотрени. Заради дождот, лозарите ја прекинале бербата. Единстевно, отворен беше, пунктот на Винаријата „Охрид“, каде грозјето се откупува без прекин и според веќе договорените цени со производителите.

Досега, без проблеми тече откупот. Цената е 11 денари. Досега, имам венесено 20 тони грозје. Инаку, проблеми има 320, цената е ниска, а еве и времево, почна да врне…Нема иднина, ќе ги ископачиме лозјата, објаснува Диме Ристов, лозар од Кавадарци.

Сомневајќи се во исходот од откупот и згрозени од прениските откупни цени, тиквешките лозари за крајот на идната недела, најавија мирен протест пред Општинското собрание во Кавадарци.

Стравот, дека родот ќе им остане неоткупен, кулминирше синоќа, кога, без никаква претходна најава од откупувачот, откупниот пункт „Лазов мост“, бил затворен, а околу 30 товарени трактори, со асистенција од Полицијата, биле пренаосчени кон друга винарија, каде лозарите, наместо ветените 4 денари по килограм, добиле двојно помалку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.