Станови, автомобили, деловни простории, парични награди беа само дел од наградите на наградната игра „Фискална во рака, награди без мака“ организирана пред шест години од тогашната Влада и министерството на Зоран Ставрески.
Наградна игра окарактеризирана од страна на тогашната опозициска СДСМ како – владино „Лото шоу“ во кое се трошат пари од граѓаните.
Колку пари ги чинат граѓаните овие награди, што ќе отидат во рацете на неколкумина? По која цена власта со буџетски пари ги купува наградите за „Лото шоуто“ за фискална дисциплина?, зборуваше тогаш Хари Локвенец.
Сега, Министерството за финансии на чело со министерката Нина Ангеловска организиира нова наградна игра со фискалните сметки, која ќе трае една година, а ќе се доделуваат парични награди со вкупен фонд од 31 милион денари.
И оваа наградна игра ќе се спроведува преку Државната лотарија на Македонија, исто како и предходната.
Како и старата „Фискална во рака, награда без мака“, така и новата „Мој ДДВ, моја награда“ имаат иста цел – да се намали сивата економија преку стимулирање на граѓаните да си ги бараат фискалните сметки и да се подобри фискалната дисциплина и од страна на потрошувачите и на компаниите.
Но, за СДСМ, како и за министерката Ангеловска, тие се целосно спротивни.
Не би се сложила дека има било каква сличност или дека е иста, зошто ова е унапредување на мерка на Владата која дала резултати и која е добра. Од друга страна би сакала да ве информирам дека наградните игри ги применуваат над десет земји кои ние ги анализиравме, изјави пред медиумите Ангеловска.
Но граѓаните не ја гледаат разликата, а со слични коментари вријат и социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.