Мерките кои денеска ги донесе Владата за помош на македонската економија не значат ништо, тие се само за да се покаже дека нешто се работи. Ова во вечерашната „Топ тема“ на министерот за економија, Крешник Бектеши, му го посочи Џемаил Даути од Стопанска комора на северозападна Македонија.
Прво она што нѐ загрижува како комора е дека овие мерки се како да се каже дека се прави нешто, нека ми извини министерот, нагласи Даути.
Даути додаде дека штетата предизвикана од вирусот ќе се согледа по шест месеци или до една година. Во моментот е битно да се овозможи минимални услови нешто да функционира. Таму каде што може да функционира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.