Веќе е подготвен огласот за ваучерите за домашен туризам од страна на Министерството за економија и во текот на неделава ќе биде објавен, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Секторот за туризам во текот на денов ќе го достави до стопанските комори за да ги дадат и последните коментари. Откако за два до три дена ќе ги добиеме ќе го објавиме, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање по промоцијата на платформата safetravels.gov.mk за имплементација на „Знак за безбеден туризам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.