Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со видеопорака ги коментира „еконоомските успеси“ на владата на премиерто во заминување Зоран Заев.
Додека тендерите и аферите поминуваат неказнето, луѓето се иселуваат, Заев невистинито се фали со зголемување на плати и пензии кои во реалноста е кратење, продолжуваат да не задолжуваат со десетици, стотици милиони евра. Полека им ја одземаат иднината на сите наши граѓани, со секое ново задолжување, и тоа не се пари кои се трошат за нови инвестиции, туку за тековни трошења и сомнителни договори. И за сето ова е виновен Зоран Заев. И не заборавајте, додека ја занимаваат јавноста со разно разни лажни вести, измислени стапици, хибридни напади, владата продолжува да не задолжува.
Последните денови Фејсбук профилот на премиерот во заминување е преплавен од видеопораки и графикони за отворање нови фабрики, раст на платите во сите сектори, покачување на пензиите, небаре Македонија е Швајцарија на Балканот и рај на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.