СДСМ континуирано ги лаже земјоделците и сточарите, а сѐ што им вети Зоран Заев на земјоделците пред изборите, и по изборите остана пусто ветување.
Затоа, мора да му ставиме крај на ова понижување што го трпат земјоделците, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од посетата на Валандово, Богданци, ново Село.
Ветуваа загарантиран откуп, ветуваа големи субвенции, ветуваа помош за земјоделците, а реалноста е поразителна.
Мицкоски потсети на јаболкарите кои ги сечат стеблата на дрвата во Ресенско, на словарите кои ги фрлаа сливите во Пијанец и Малешевијата, на нежнеаните житни полиња во Пелагонија, и на необраните раноградинарски култури во Валандово, во Богданци, во Струмичко.
Мора да му ставиме крај на сето она понижување и омаловажување, на сите оние лаги кои што за жал денеска во Република Македонија се секојдневие. Тој човек денеска нѐ убедува нас дека работел за идните генерации, какви идни генерации кога ти коренот ни го исече. Но, повторно ние сме како пиреј и колку да не корнеш, господине Заев, ние повторно ќе растеме троскот и повторно ќе растеме. Нека слушаат и нека следат и нека запишуваат за целиот криминал, за пљачката, за осиромашувањето, за сите лаги од прв до последен ќе одговараат пред законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.