И во август капиталните расходи не пркнаа, останаа 33%. Заклучно вчера – 26 август, реализацијата на капиталните расходи изнесува околу 33%, покажува бројчаникот на веб-страната на Министерството за финансии. Толку од „чудесните резултати на градежната сезона“ на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Второ, минатата година Владата ги набилда капиталните расходи во декември со откупот на акциите на ГА-МА од Макпетрол. Истите акции ги пресмета во финалниот резултат на капиталните расходи и во 2019 година. Така оваа Влада качува капитални расходи во декември месец.  Ова заборави да го спомне Бочварски во својата изјава, кога се повика на добрата реализација на капитални расходи лани.

Инаку во однос на капиталните инвестиции, вистинските капитални инвестиции, не требаат бројки за да народот сфати дека оваа Влада нема камен на камен ставено. Можеби до крај на година ќе набавите уште по една лимузина за секој фунционер и нов мебел за министерските кабинети, па ќе успеете да ја дигнете реализацијата, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.