Промената е брана против концентрацијата на власта на едно место. А тие толку многу власт собраа околу себе, што човек вече не знае дали има и локална самоуправа во Македонија, потенцира професорката Гордана Силјановска – Давкова од митингот во Куманово.
Јас божем предавам и тврдам во Советот на Европа дека без децентрализација, како еден од темелите на Европа, нема демократија. И замислете, како се чувствува дека најслабата алка во децентрализацијата во Македонија е Министерството за локална самоуправа. Замислете, моторот станал главна кочница. Ни траг ни глас од рамномерен регионален развој. Скопје и пустина. За срамота е тоа, рече Силјановска-Давкова.
Таа нагласи дека проблемите на граѓаните најдобро се решаваат таму каде што се раѓаат.
Не се гледаат проблемите на Куманово подобро од Скопје. Е тоа не го прават. Затоа не е доволно да добиете претседателка на дравата, туку е потребно да му дадеме шанса на премиерот да си го исполни зборот дека ќе распише предвремени парламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.