Пред Владата на Република Македонија, вчера ВМРО – ДПМНЕ и кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова одржаа централен митинг на кој лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на присутните им се обрати со моќен и впечатлив говор.

Тој истакна дека со оваа власт, работа има само за фирмите блиски до нив и ги адресираше невработените да не ги прифаќаат лагите на владата на Заев дека само што не тргнало на  подобро, бидејќи овие две години државата оди само назад.

Не ги прифаќајте оние лаги на власта дека само што не ни тргнало подобро, а 2 години одиме само назад. Македонија со оваа власт инвеститорите ја заобиколуваат, а единствено има работа за фирмите блиски до власта. И знам дека седите и очајувате, и дека навидум ви изгледа безнанеджна ситуацијата, но еве заеднички ви ја покажуваме дека надежта е почетокот на падот на оваа власт е почетокот, тоа е надежта во Македонија и предвесникот на промените кои ќе се случат, потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.